Корисниците не треба „слепо да веруваат“ во сè што им кажуваат нивните алатки за вештачка интелигенција (ВИ), изјави за Би-Би-Си во вторник шефот на матичната компанија на Гугл, Алфабет.
Извршниот директор на компанијата, Сундар Пичаи, изјави за британскиот медиум дека моделите на ВИ се „склони кон грешки“ и ги повика корисниците да ги користат заедно со други алатки.
Пичаи ја нагласи важноста на богат информациски екосистем, наместо да се потпираме исклучиво на технологијата на ВИ, објави Би-Би-Си.
Затоа луѓето го користат пребарувачот на Гугл, а ние имаме и други производи кои обезбедуваат подобри, поточни информации.
Пичаи, индиско-американскиот шеф на Алфабет, рече дека алатките на ВИ се корисни ако „сакате да напишете нешто креативно“, но предупреди дека луѓето треба да научат да ги користат овие алатки во она во што „се добри, а не само слепо да веруваат во сè што ќе кажат“.
Горди сме на трудот што го вложивме во обезбедувањето на најточните можни информации, но дури и најдобрата технологија на ВИ во моментов е склона кон грешки, нагласи тој.












