
Легендарниот аргентински тенисер, Давид Налбандијан, изјави дека за него нема никаква дилема – Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер во историјата. Според него, резултатите и бројките говорат сами за себе и јасно покажуваат дека Ноле доминира на теренот.
Легендата додава дека иако многумина го ценат Роже Федерер и Рафаел Надал за нивната симболична улога и популарност, статистиката јасно ја потврдува величината на Ѓоковиќ. Тој исто така напоменува дека трката меѓу овие тројца велемајстори само ја поттикнала нивната игра и резултатите, создавајќи ера на извонредни успеси во светскиот тенис.
„Не знам зошто се трошат зборови на оваа тема. Јасно е дека Ѓоковиќ е најдобар во историјата. Да не беше тој, ни другите немаше да бидат толку добри. Мислам дека Новак е заслужено на самиот врв и на највисокото место меѓу легендите“, изјави Налбандијан.
Според него, кога се земаат предвид сите достигнувања, бројот на титули и постигнатите рекорди, Ѓоковиќ заслужено носи титулата „најдобар на сите времиња“.











