По кратката соработка, хрватскиот тренер Горан Иванишевиќ ги идентификуваше главните проблеми кај грчкиот тенисер Стефанос Циципас што го спречуваат да се подобри во моментов. Лошата игра на Циципас продолжи со неговата елиминација во првото коло на Вимблдон. Во интервју за „Спорт клуб“ во Лондон, Иванишевиќ зборуваше за својата соработка со Гркот и за силните и за слабите страни на неговата игра. Како што вели, тој итно треба да реши одредени проблеми што ги има надвор од теренот.
– Едноставно е, но не е лесно. Разговарав со него многу пати. Ако успее да реши некои работи надвор од тенисот, ќе има шанса и ќе се врати таму каде што му е местото, бидејќи е премногу добар играч за да биде надвор од првите десетмина. Ако не успее, нема шанси. Мојата работа е да поправам некои технички детали на теренот, тоа е најлесниот дел, но остатокот мора сам да го реши. Тој има желба, но не прави ништо. Сè е сведено на „сакам, сакам“, но не гледам никаков напредок. Ако сака да успее, мора да го реши проблемот со грбот. Бев шокиран, никогаш во животот не сум видел тенисер што е физички толку многу неподготвен. Со моето колено, јас сум барем три пати поподготвен од него. Не знам што правел цела година, но ова е многу лошо – рече Иванишевиќ.