Најдобриот тенисер на денешницата Србинот Новак Ѓоковиќ, го помина првото коло на грен – слем турнирот САД Опен, откако славеше над Мајкл Ченг во три сета со 6:1, 7:6, 6:2, по одлична борба на стадионот  „Артур Еш“.

Ѓоковиќ со оваа победа станае единствениот тенисер во Опен ерата кој постигна 75 последователни победи во првите кола на грен слем турнирите.  Се чинеше дека по првиот сет Ѓоковиќ ќе го „исчисти“ Американецот бидејќи го доби со 6:1 за 24 минути.

Сепак, она што следеше беше сет што ги загрижи сите фанови на Новак и веројатно ги натера обложувалниците да ги променат квотите за неговата 25-та титула на грен слем турнирите.

Ѓоковиќ многу осцилираше, некарактеристично често правеше грешки, се мачеше и на свој и на сервисот на својот ривал, а по завршување на мечот беше откриена и причината за неговота лоша игра во вториот сет.

„Почнав одлично, само околу 20 минути за првиот сет, а потоа неколку долги гемови на почетокот на вториот сет и почнав да се чувствувам многу чудно во вториот сет. Имавме долги размени, но направив и многу ненаметливи и го вратив во натпреварот. Мило ми е што се ресетирав по вториот сет, а во третиот бев добро“, рече Ѓоковиќ на прес-конференцијата.

„Не сум повреден, но само се мачев многу да останам во долгите размени и да се опоравам по поените. Имаше многу тензија на теренот, ноќната сесија, не играв официјален натпревар шест недели, морав да ја играм мојата игра“, објасни Новак.

На крајот од вториот сет, Новак во неколку наврати покажа дека има некаков физички проблем, па затоа побара медицински тајм-аут на крајот од сетот. Се покажа дека станува збор за плускавец на десната нога, кој брзо беше саниран.

„Воопшто не зборував за плускавците кога зборував за тортурата на теренот. Плускавецот ме мачеше, но не беше голем проблем, не се грижам за плускавците, повеќе за тоа колку добро се опоравив по освоените поени.“

 

 

ИЗДВОЕНИ