epa11348821 British boxer Tyson Fury during the weigh-in in Riyadh, Saudi Arabia, 17 May 2024. Tyson Fury and Oleksandr Usyk will face each other in the first undisputed heavyweight contest of the 21st century on 18 May 2024 in Riyadh. EPA/ALI HAIDER

Поранешниот светски шампион во бокс, во тешка категорија, во верзијата WBC, Британецот Тајсон Фјури, изјави дека неговата последна одлука да се повлече од боксот е конечна и дека нема причина да се врати во рингот, дури и ако му бидат понудени повеќе од милијарда евра, објавија британските медиуми.

Триесет и седумгодишниот боксер не се борел од поразот во реваншот со Александр Усик во декември 2024 година, а официјално го објави своето пензионирање во јануари оваа година. И покрај шпекулациите за можна трилогиска борба со Усик или потенцијална британска борба против Ентони Џошуа, како и тврдењата од промотерот Френк Ворен дека Фјури би можел да се врати во 2026 година, тој инсистира дека одлуката е конечна.

„Нема вистинска причина да се вратам во рингот. Имам 37 години, ме тепаа во последните 25 години, зошто би сакал да се вратам во боксот?“, изјави Фјури за „FurociTV“. „Порано се работеше за парите и титулите, но сега имам повеќе пари отколку што можам да потрошам, имам неограничен број појаси и титули. Дали тоа ме прави среќен? Не. Потрагата беше подобра од победата“, додаде Фјури.

Фјури претходно го објави своето пензионирање во април 2022 година, по победата над Дилијан Вајт, но се врати шест месеци подоцна за да се соочи со Дерек Чисора. Овој пат, сепак, тој инсистира дека нема да се врати.

„Можев да се вратам во боксот во секое време, но едноставно не сакам. Денес би можеле да ми понудите околу милијарда евра и тоа нема да промени ништо. Јас ја поминав точката каде што не ми е гајле што мислат другите луѓе“, рече Фјури.

„Боксот не простува никому, тој само бара жртва. За мене, успех е освојување на сите појаси, заработка на многу пари и излегување од тоа неповреден. Но, не сакам да ја искушувам судбината. Колку пати можеш да се вратиш пред да добиеш повреда на мозокот или нешто полошо?“

 

ИЗДВОЕНИ