сабота, јули 18, 2026
Дома СВЕТ Не се поврзани ни со ублажувањето на санкциите, ниту со нуклеарниот договор:...

Не се поврзани ни со ублажувањето на санкциите, ниту со нуклеарниот договор: САД поставија услови за Иран, два се клучни

258
Фото: EPA/SHAHZAIB AKBER

Рубио рече дека Техеран прво мора да изјави дека теснецот е отворен, дека нема да наплаќа за премин, дека ќе отстранува мини и дека нема да пука по бродови. „Ако го отворат Ормускиот теснец, ние ќе ги деблокираме“ иранските пристаништа, нагласи тој, додавајќи дека ова не е поврзано со ублажувањето на санкциите, што зависи од исполнувањето на условите поврзани со нуклеарниот договор, oбјавија арапските медиуми.

„Втората фаза е дека тие мора да се обврзат на многу специфични преговори за дистрибуција на високо збогатен ураниум кој сè уште е закопан длабоко во некоја планина“, рече Рубио. „Тие мора да се согласат да преговараат за строги и долгорочни ограничувања и/или прекин на активностите за збогатување на ураниум во нивната земја.“

Рубио рече дека ова се „многу технички прашања“ и не можат да се решат за неколку дена.

„Ќе биде потребно тим експерти да се состане во текот на 30, 60 или 90 дена и да ги разработи деталите, но тие мора да се обврзат дека се подготвени да го сторат тоа“, рече Рубио.

Американскиот шеф на дипломатијата посочи дека Техеран „се согласил да преговара за аспекти од својата нуклеарна програма“, но не кажа кои аспекти. Тој додаде дека преговорите „не се гаранција дека на крајот ќе доведат до договор што е прифатлив за Сенатот или американскиот народ“.

Шрашан за статусот на застојот на индиректните разговори меѓу САД и Иран, американскиот државен секретар рече дека сè уште е „надежен“ за договор за завршување на војната, без да даде временска рамка, велејќи дека тоа може да се случи „утре, задутре или следната недела“.

ИЗДВОЕНИ