Доналд Трамп не треба да се меша во европската демократија, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, одговарајќи на острите критики што американскиот претседател ги упати кон Европа во последните денови.
Нејзината изјава дојде по објавувањето на новата стратегија за национална безбедност на САД, која предизвика немири во Брисел, пишува Политико.
Фон дер Лајен нагласи дека одлуката за раководството на една земја им припаѓа исклучиво на нејзините граѓани. „Не е до нас, кога станува збор за избори, да одлучиме кој ќе биде лидер на земјата, туку на народот на таа земја… Тоа е суверенитет на гласачите и тоа мора да се заштити“, рече таа.












