Не само во Македонија, татко-насилник претепа фудбалер и во Италија

279

Тоа што се случи пред десетина дена во Штип кога за време на натпреварот од младинските категории помеѓу екипите на Брегалница и Шкупи, еден родител на играч кој го носеше дресот на Шкупи физички напрадна две деца кои играа за домашниот тим и им нанесе тешки повреди, доби продолжение, но сега во Италија.

Како што информираат спортските медиуми натпреварот помеѓу младинските екипи на Кармањола и Волпијано Пијанозе во Италија заврши со сериозно повредување на голманот на Волпијано. На крајот од натпреварот, во кој Кармањола победи со 1:0, избувна тепачка помеѓу играчите од спротивните екипи на теренот. Потоа, 40-годишниот татко на еден од играчите на Кармањола влезе во теренот и почнал да го удира голманот Волпијано Пијанозе.

Откако го нокаутираше, тој продолжи да го удира на подот со раце и нозе, објавија италијанските медиуми. Таткото-насилник беше запрен од тренерите на двата тима, но пред да биде запрен удрил и еден од тренерите. Младиот голман беше однесен во болницата Мартини во Торино, каде што лекарите потврдија дека му е скршена јаболчницата.

Карабињерите го истражуваат случајот, а претседателот на Кармањола, Алесио Русо, изјави дека родителот и неговото дете ќе бидат отстранети од клубот што е можно поскоро. Против сторителот ќе биде покрената граѓанска постапка, а клубот е еден од тужителите.

„Ова лице не нè претставува нас како клуб ниту пак ги преставува нашите вредности. За жал, живееме во време кога има многу кретени. Мислам дека заслужува доживотна забрана за присуство на фудбалски натпревари“, рече претседателот на клубот, Алесио Русо.

Кога е во прашање македонскиот татко-насилник, на 18 септември во Основниот суд во Штип ќе започне судењето, а неговото кривичното дело е оквалификувано како насилство, а притворот го издржуваа во затворот во Куманово.

На неговиот син Абдуљи Леарт, од ФФМ ми беше изречена најстрога санкција – исклучување од фудбалската организација. Таквата одлука беше донесена затоа што играчот на Шкупи со број 9 физички го нападнал противничкиот играч, нанесувајќи му сериозни повреди и согласно член 43 став 2 од Дисциплинскиот правилник, со кој се санкционира физички напад со потешки последици, му е изречена најстрога санкција – исклучување од фудбалската организација.

 

ИЗДВОЕНИ