epa11433430 Russian tennis player Maria Sharapova poses for a picture, during the Vogue World Photocall in Paris, France, 23 June 2024. The presentation of the Men’s collections runs from 18 to 23 June. EPA/ANDRE PAIN

Русинката Марија Шарапова, една од двете тенисерки кои би можеле да застанат рамо до рамо со големата тројка по важност – заедно со Серена Вилијамс – стави крај на својата кариера во 2020 година и сè уште не ѝ паѓа на ум евентуално повторно да игра, можеби на некој турнир на легенди.

– Не сакам да бидам бледа верзија од себе – кажа 38-годишната Русинка во „Шоуто на Дејвид Рубинштајн“ на YouTube. – Она што најмногу ми се допадна кај тенисот е колку е брз, колку е силен. Кога не играш долго време, сè се губи.

Иако со пет освоени гренд слем титули, е значително помалку успешна и од големата тројка и од нејзината ривалка Серена, Шарапова успеа да се наметне кај љубителите на тенисот и да предизвика огромен интерес каде и да се појавеше. Успеа да го надомести тоа со харизма, интелигенција и изглед.

Додека другите само играа, таа ја градеше својата бизнис империја. Се проценува дека таа заработила околу 300 милиони долари од бизнисот.  Таа, исто така, посочи една карактеристика што од доблест се претвори во нејзина слабост:

– Тврдоглавоста беше важен квалитет што ми помогна да освојам многу трофеи. Но, на крајот од мојата кариера таа стана мој хендикеп. Иако повредена, тврдоглаво се обидував да се опоравам. Проблемот со рамото не беше лесен, а јас веќе бев на возраст кога телото се опоравуваше побавно. Па потрошив речиси две години обидувајќи се да се опоравам без успех. Тврдоглавоста ме спречи да имам многу подобри резултати во животот.

ИЗДВОЕНИ