Потрошувачката на вода, особено во поладневните часови и натаму е енормно висока и покрај апелите од ЈП „Водовод и канализација“ за рационално користење на овој ресурс. Во галвниот град во просек секој ден се трошат по 350 илјади кубни метри вода за пиење, што доведува до сериозно оптоварување на водоснабдителниот систем и резултира со прекини на водоснабдувањето, особено во високите зони на градот.
Оттаму посочуваат дека несовесни граѓани со чистата вода за пиење полеваат тревници, бавчи и ниви, перат автомобили и полната базени.
Од „Водовод и канализација – Скопје“ апелираат до сите граѓани на совесно, одговорно и рационално користење на водата, со цел да се овозможи стабилно и непречено снабдување за сите делови од градот, бидејќи во услови на високи температури потребите на вода се зголемени, поради што секоја капка вода е значајна.