“Не плачам повеќе кога ќе погледнам горе во небото, само се насмевнувам“ – Трогателни зборови на сопругата на починатиот пејач Маринко Роквиќ

88

Роквиќ, воедно се борел и со тешка бактерија што ја добил за време на лекувањето, што дополнително го влошило неговото здравје. Многумина велат дека воопшто не требаше да се оперира, бидејќи само ја отворил раната.Кој да знае сега после се што било најумно да се направи!

Пејачот Маринко Роквиќ кој и ако веќе не е физички присутен, тој и понатаму има армија свои обожаватели и кај нас во Македонија. Татко е на популарниот пејач Никола Роквиќ исто така обожуван во нашата земја. А, татко е на уште два сина, Марко и Дарио. Зад себе оставил гомила вистински фолк-хитови (Скитница, Кад ме сви забораве немој ти, Да волим другу не могу, Љубав стара срце пара….)

Маринко, почина на 6 ноември 2021 година, а пред некој ден е обележена годишнина од неговата смрт во нивниот семеен дом, според сите православни адети. Исто така по повод годишнината од неговата смрт, сопругата Славица Роквиќ, емотивно се огласи и сите ги расплака:

-И ти дадов рака, и ти дадов збор во моментот кога заминуваше. Дека ќе ја чувам светлината, радоста и љубовта што ми ја остави. Не плачам повеќе кога ќе погледнам горе, само се насмевнувам, затоа што знам дека си таму каде што душите не болат. Кога подобро ќе размислам, ти и не си заминал – се криеш во зори и си одговор на секое мое прашање. Ти не си заминал, стана здив што низ соништата ми шепоти: „Тука сум, не стравувај, те чувам, ти знаеш“. Да, јас знам! Тоа е апсолутна љубов.Славица беше покрај Маринко до последниот миг. Да потсетиме, Славица се грижеше за него во нивниот семеен дом на Кошутњак, каде што тој и почина. Не сакал да оди во болница.

Таа 2020 година, пејачот најпрво итно беше опериран поради циста во стомакот. Тогаш лекарите откриле дека боледува од рак на панкреасот, со многу слаби прогнози за оздравување. Роквиќ, воедно се борел и со тешка бактерија што ја добил за време на лекувањето, што дополнително го влошило неговото здравје. Многумина велат дека воопшто не требаше да се оперира, бидејќи само ја отворил раната.  Кој да знае сега после се што било најумно да се направи!

Маринко примал хемотерапии, кои во почетокот добро делувале, па постепено почнал да се враќа на секојдневните активности. Се чувствувал одлично. За жал, не успеал да се врати и на музиката и настапите. Неколку месеци по операцијата, додека сè уште траело закрепнувањето, било откриено дека имаи  метастази на други органи, поради што морал да се подложи на нови, посилни хемотерапии. Во тој период речиси воопшто не се појавувал во јавноста, а само двапати кусо се огласил дека е се оди на подобро. Меѓутоа, неочекувано се сврте ситуацијата, смртта за жал беше побрза.  (Д.М.)

 

 

ИЗДВОЕНИ