понеделник, февруари 9, 2026
Дома БАЛКАН Не патувајте во Грција на 28 февруари, ќе има голем 24-часовен штрајк

Не патувајте во Грција на 28 февруари, ќе има голем 24-часовен штрајк

847

Грција се подготвува за масовен 24-часовен штрајк, закажан за 28 февруари, на втората годишнина од трагичната железничка несреќа кај Темпи, во која загинаа 57 претежно млади луѓе.

Штрајкот што го организираат трите најголеми синдикални организации во земјата ќе влијае на повеќе сектори, вклучувајќи го јавниот превоз, такси-услугите и поморскиот транспорт. Се очекува прекин во движењето на траектите и товарните бродови, додека голем број продавници најавија затворање за време на протестот. Властите предупредуваат на можно затворање на клучни улици и булевари.

Властите ги советуваат граѓаните и туристите да ги одложат планираните патувања на 28 февруари, особено оние кои планираат да патуваат со брод. Се препорачува внимателно следење на промените во распоредот на патувањата.

ИЗДВОЕНИ