Француската тенисерка Осеан Додан (28) се најде во центарот на вниманието на светските медиуми откако откри дека направила естетска операција за зголемување на градите за време на паузата во кариерата.

Додан, која моментно е надвор од врвот на светскиот тенис (477-ма на ВТА листата), направи пауза на крајот од 2024 година поради проблем со внатрешното уво што ја мачеше со години. Се врати на теренот во септември годинава на помал турнир во Ремс, но набрзо привлече внимание од причини кои немаат многу врска со тенисот.

Во интервју за француските медиуми, таа призна дека имала естетска интервенција за време на нејзиното отсуство, станувајќи првата активна тенисерка што јавно го открила тоа.

„Знаев дека ќе се зборува за тоа бидејќи никој претходно не го направил тоа во тенисот“, изјави Додан за „Дејли меил“, „Но, тоа не е ништо посебно за мене. Тоа се само гради. Луѓето во обичниот живот го прават тоа постојано, па не гледам зошто ние спортистите треба да бидеме осудувани за тоа“.

 

„Секако дека можам да играм. Не направив ништо лошо“. Постојат тенисерки со поголеми гради од моите, само моите се вештачки“, кажа Французинката.

Додан истакна дека одлуката ѝ донела поголема самодоверба и дека сака да покаже дека и спортистите имаат право на приватен живот: „Ние не сме роботи, туку обични луѓе со свои желби и несигурности“.

По долга пауза, Додан повторно почна да победува, а нејзината цел е да се врати меѓу 100-те најдобри тенисери во светот и, како што вели, „да биде здрава и среќна – и да ужива во секој момент“.

ИЗДВОЕНИ