Седум дена по незаборавната победа пред домашната публика, Ландо Норис сè уште собира впечатоци. Британскиот возач на Мекларен отворено зборуваше за емоциите што ги доживеал на Силверстон. Тој вели дека тоа било повеќе од сон – тоа било остварување од детството.

Една недела откако го постигна она за што сонувал како момче, Ландо Норис се осврна на триумфот во кариерата – освојувањето на домашнaта „Гран при“ на Велика Британија. На Силверстон, пред стотици илјади британски навивачи, Норис конечно се искачи на највисокото скалило на подиумот.

Беше драматична трка, временските услови не беа најповолни бидејќи врнеше дожд, но за него – најспецијална. Во моментот кога ја помина целната линија, емоциите го совладаа, а сега, со текот на времето, вели дека полека почнува да сфаќа што, всушност, постигнал.

  • Дали ми се допадна? Би рекол дека ми се допадна. Но, верувам дека ќе има уште многу моменти кога некој ќе ми каже: „Еј, ја освои домашната трка во Силверстон“, и дури тогаш ќе си помислам: Навистина ја освоив, истакна Норис.

Норис признава дека е тешко да се опише што значи оваа победа за него, но дека емоциите на луѓето околу него кажуваат сè.

  • Тешко е да се искаже со зборови. Мислам дека сè што мојот народ покажа со емоции кажуваше повеќе од кои било зборови. Мајка ми, татко ми, брат ми, сестрите, баба ми и дедо ми од страната на татко ми беа таму. Сигурен сум дека и родителите на мајка ми би биле многу горди. Жалам што не можеа да бидат таму. Сите тие поминаа низ ова патување со мене, од почетокот до овој момент. Затоа беше толку посебно, вели Ландо.

Трката беше дополнително обележана со одлични тимски резултати – Оскар Пјастри заврши втор, додека третото место му припадна на Нико Хулкенберг од Заубер, што беше негова прва победа во Ф1.

  • Ова беше еден од најголемите моменти во мојата кариера. Би рекол дури и поголем од првото место на подиумот во Монако. Монако беше неверојатен, но Силверстон отсекогаш го посакував најмногу. И навивачите, мојата трибина, поддршката… сè се спои во тој момент, додаде Британецот.

На прашањето што му се мотало низ главата во последните кругови од трката, Ландо рече дека речиси се чувствувал како да е во забавена снимка.

  • Последните неколку круга беа како забавена снимка, илјадници мисли ми се мотаа низ главата. Особено во последната кривина. Беше лизгаво и возев со слик гуми, но сакав да се приближам што е можно поблиску до боксот, пред моите механичари. Помислив: „Само не прави ништо глупаво сега“ бидејќи дури и по карираното знаме, може да се случи грешка. Но, кога поминав покрај нив и ја видов целата таа портокалова боја на ѕидот, тогаш сфатив што сме постигнале, заврши Норис.

 

ИЗДВОЕНИ