Поранешни федерални агенти предупредуваат дека старото воено оружје би можело да стане нова закана – тоа е прецизно, смртоносно и тешко за следење.
По убиството на американскиот десничарски инфлуенсер, Чарли Кирк, истражителите на местото на злосторот во шумовитата област на северна Јута, пронајдоа пушка која веднаш го привлече вниманието, поради староста и потеклото.
Според повеќе извори вклучени во истрагата, се работи за германска воена пушка, од првата половина на 20 век, користена за време на двете Светски војни. Такви пушки често влегуваа во САД, пред да се воведат сериски броеви за да можат да бидат следени.
Убиецот Тајлер Робинсон користел Маузер 98, калибар 30-06, прецизно и моќно оружје, кое му припаѓало на неговиот дедо. Иако пронајдената пушка е идентификувана, властите не објавија како Робинсон дошол до неа, ниту дали е нејзиното потекло до крај утврдено.