Не мора да го прескокнете: Доволна е само една состојка во утринското кафе и вашите црева ќе ви бидат благодарни

68

Сè поголем број истражувања и мрежа на експерти за здравје на цревата ја поддржуваат идејата дека кафето може да биде од корист за вашиот дигестивен тракт.

„Полифенолите во кафето можат да ги хранат добрите бактерии во вашите црева, поттикнувајќи го нивниот раст и активност. Тие исто така можат да помогнат во ограничувањето на растот на „лошите“ бактерии“, вели Џозеф Салхаб, американски гастроентеролог во Давенпорт.

Тој нагласи дека сите овие „придобивки“ може да се додадат и со лажичка какао во прав во шолја кафе. Кога станува збор за варењето, кафето и какаото имаат посебни придобивки.

Возрасните треба да се стремат кон 25 до 38 грама какао влакна дневно, што може да се постигне со додавање на една или две лажици какао во прав во вашата утринска шолја кафе.

Сепак, внимавајте да не пиете кафе на празен стомак, бидејќи тоа може да го стимулира производството на желудочна киселина и, следствено, да предизвика болки во стомакот. Затоа, прво изедете нешто, а потоа испијте шолја кафе, збогатено со една до две лажици какао.

Вашиот дигестивен тракт ќе ви биде благодарен.

ИЗДВОЕНИ