„Не го очекував тоа од Мијатовиќ, ме уништија“

402
epa10700314 Former footballer Predrag Mijatovic attends the opening of 'Legends. The Home of Football', in Madrid, Spain, 19 June 2023. Legends. The Home of Football, is a new space dedicated to the world of football, created by LaLiga. EPA-EFE/MARISCAL

Нема дилема дека по убаво ќе ги памети последните години што ги помина во редовите на Реал (М), иако вкупно осум од нив ги помина во шпанската престолнина бранејќи ги боите на „кралскиот клуб“.

Играше за Реал од 1999 до 2007 година, а сега во еден подкаст, поранешниот дефанзивец Иван Хелгера раскажа како го напуштил „кралскиот клуб“. Едно од споменатите имиња е Предраг Мијатовиќ (56), кој во тоа време беше директор на шпанскиот клуб.

„Беа многу строги. Управата, особено претседателот, и еден поранешен играч од кого не очекував такво нешто. Спортскиот директор Мијатовиќ ми го зема бројот и ми кажа дека повеќе нема да играм. Ми го загорчија животот.

Не знам зошто. Ми рекоа дека нема да играм и дека сакаат да ме продадат. Имав тригодишен договор, не разбирав бидејќи штотуку го освоив првенството и играв добро. Капело пристигна и ми рече дека нема да играм.

Кога требаше да играм натпревар, ме праќаа во друг тим. Но, Капело не беше глупав, а на Канаваро му требаше играч како мене. Капело почна да се кара и со менаџментот. Потоа почнав да играм некои натпревари. Таа година бев шести фудбалер со најмногу минути и го освоив првенството. Потоа го правев тоа повеќе од лутина и желба. Емоционално, бев готов. Главата ми кажуваше дека сакаат да ме докрајчат, дека ми го уништуваат животот.

Мијатовиќ, кој за мене беше феномен, одеднаш ми го направи ова. Но, таков е фудбалот. Капело ми рече: „Овие луѓе ми велат дека дури и да не те пуштам на тренинг.

Следната година, Мијатовиќ ми рече дека ми го земаат бројот и дека повторно ќе ми го направат животот мизерен“, изјави Иван Хелгера за „Офсајдерс“.

Во своите осум години во Реал (М), Иван Хелгера освои два трофеи во Лигата на шампионите со „Галактикосите“, како и три првенства, Европскиот Суперкуп, Шпанскиот Суперкуп и Интерконтиненталниот куп.

Потоа отиде во Валенсија, но по само сезона и пол се пензионираше. Во својата кариера, тој играше и за Расинг Сантандер, Манчего, Албасете, Рома и Еспањол, а работеше и како тренер во „Лас Розас“ помеѓу јули и ноември 2020 година.

Хелгера се осврна и на „Галактикосите“ од пред 20 години, кога Реал Мадрид, и покрај сите тие ѕвезди во тимот, имаше прилично „сув“ период кога стануваше збор за титули.

„Што тргна наопаку? Немаше рамнотежа во тимот. Имаше премногу офанзивни играчи во тимот, а тоа предизвика проблеми за одбраната. Во тоа време бев во одбрана и беше многу тешко да се браниш кога имаш толку многу играчи во тимот кои се повеќе офанзивно отколку дефанзивно ориентирани. Затоа рамнотежата е клучна во сето ова и мора да размислиш за сè“, заклучи поранешниот дефанзивец на Реал.

 

ИЗДВОЕНИ