Градежни експерти сметаат дека Владата непотребно се задолжува за изградба на две железнички пруги во ист правец – од Табановце до Гевгелија на Коридорот 10. Поранешниот министер за транспорт и врски, Љупчо Балкоски, смета дека наместо тоа, парите треба да се искористат за доизградба и комплетирање на пругата на Коридорот 8, односно да се заврши делот кон Бугарија и да се започне со градење на делот од Кичево до Ќафасан, односно железнички да се поврземе со Албанија.

– На тој начин ќе изградиме и ќе функционираат железнички линии на двата коридора 8 и 10. Доколку е потребна втора железничка линија на Коридорот 10, тогаш може да се примени концесија за изградбата, употребата и користењето со определен рок. За сето ова, потребно е сега да се направат физибилити студии и проценки за да се постигне одржлив раст на регионален и на државен план – вели Балкоски.

Генералниот директор на „Македонски железници -Инфраструктура“, Синиша Ивановски, истакна дека Македонија ѝ дава предност на пругата од Коридорот 10 затоа што може да има најголема економска придобивка за државата, бидејќи целата стока од грчките пристаништа кон Европа се превезува токму преку тој коридор

 

Со дел од милијардите што ги добивa Македонија од Обединетото Кралство, согласно со договорот за стратешко партнерство што беше потпишан вчера, во Лондон, ќе се гради нов колосек и ќе се реконструира постојниот од пругата од Коридорот 10, а со кој ќе се овозможи движење на патничките возови со брзини до 160, а на товарните – до 120 километри на час.

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, пред заминувањето за Лондон, откри дека првично би се повлекле од 2,1 до 2,2 милијарди евра од расположливите 6 милијарди евра, од кои за пругата би биле потребни приближно 1,9-2 милијарди евра.

Градежни експерти сметаат дека Владата непотребно се задолжува за изградба на две железнички пруги во ист правец – од Табановце до Гевгелија на Коридорот 10. Поранешниот министер за транспорт и врски, Љупчо Балкоски, смета дека наместо тоа, парите треба да се искористат за доизградба и комплетирање на пругата на Коридорот 8, односно да се заврши делот кон Бугарија и да се започне со градење на делот од Кичево до Ќафасан, односно железнички да се поврземе со Албанија.

– На тој начин ќе изградиме и ќе функционираат железнички линии на двата коридора 8 и 10. Доколку е потребна втора железничка линија на Коридорот 10, тогаш може да се примени концесија за изградбата, употребата и користењето со определен рок. За сето ова, потребно е сега да се направат физибилити студии и проценки за да се постигне одржлив раст на регионален и на државен план – вели Балкоски.

Со модернизација и реконструкција на постојниот колосек на пругата од Табановце до Ќафасан, како и со изградба на нов, паралелен на сегашниот, од Владата очекуваат зголемување на брзините на движење на патничките возови до 160, а на товарните до 120 километри на час.

Генералниот директор на „Македонски железници –Инфраструктура“, Синиша Ивановски, истакна дека особено од товарниот сообраќај Македонија очекува да има економски придобивки, поради брзиот пренос на стоки од грчките пристаништа во Солун, Атина, Александропулос и во Кавала кон европските дестинации.

– Македонија ѝ дава предност на пругата од Коридорот 10, затоа што може да има најголема економска придобивка за државата, бидејќи целата стока од грчките пристаништа кон Европа се превезува токму преку тој коридор – вели Ивановски.

Што се однесува до доизградбата на пругата кон Бугарија, истакна дека од македонска страна има желба и се преземаат конкретни активности, но дека нема одговор од другата страна.

– На Коридорот 8 веќе е завршена првата секција од Куманово до Бељаковце, се работи на трасата од Бељаковце до Крива Паланка и има прогрес од околу 30 отсто, а третиот дел од Крива Паланка до граница со Бугарија сè уште е предмет на дискусии – нагласи Ивановски.

За делот од пругата од Коридорот 8 кон Албанија, Ивановски нагласи дека поголем проблем е насоката што се чека од УНЕСКО за Охридското Езеро, за што Македонија, заедно со Албанија, користи грант од еден милион евра за изнаоѓање техничко решение.

– Има заедничко партнерство меѓу двете држави и ќе го активираме пролетва. Ако сè биде како што треба, за пет до шест години отсега треба да имаме завршен основен проект и да може да се гради пругата од Кичево кон Струга, а потоа и од Струга кон Лин – рече Ивановски и додаде дека на Албанија во моментов приоритет ѝ е изградбата на пруга кон Црна Гора.

(С. Бл.)

 

 

 

 

ИЗДВОЕНИ