Не е виновен само Пјастри за инцидентот во Бразил

42
epaselect epa12340396 The winner, McLaren driver Oscar Piastri (L) of Australia and third placed RB driver Isack Hadjar of France celebrate during the podium ceremony of the Formula One Dutch Grand Prix race at Zandvoort Circuit in Zandvoort, the Netherlands, 31 August 2025. EPA/SEM VAN DER WAL

Шефот на Мекларен, Андреа Стела, зборуваше за инцидентот што доведе до казна на Оскар Пјастри. Тој верува дека не е само возачот на неговиот тим виновен за судирот на Големата награда на Бразил туку и возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели.

Во шестиот круг, четвртопласираниот во тој момент, Пјастри, се обиде да ги престигне Антонели и Шарл Леклер од Ферари од внатрешната страна на првата кривина. Сепак, предното лево негово тркало се блокираше, предизвикувајќи да го удри Антонели, кој потоа го собра и Леклер.

Леклер остана без предното лево тркало и претрпи сериозна штета, принудувајќи го да се повлече од трката. Пјастри подоцна доби дополнителна казна од 10 секунди.

  • Во врска со казната, би рекол дека дефинитивно беше премногу строга. Вистина е дека може да се види мало блокирање на тркалото, но во исто време тој успеа да ја задржи својата линија, што е она што е важно на крајот. Мислам дека треба да се подели одговорноста со Кими, бидејќи тој знаеше дека Оскар е однатре и судирот, веројатно, можеше да се избегне – порача Стела.

Затоа Пјастри излезе од трката за подиумот, додека неговиот тимски колега, Ландо Норис, победи.

  • Можеби, Кими беше загрижен и за Леклер, кој беше од другата страна. Тешка ситуација, се разбира, но генерално мислам дека казната е премногу строга за да се смета Оскар целосно одговорен за овој инцидент. Во исто време, сега е завршено. Како што велам секогаш, ги почитуваме одлуките на стјуардите, ги прифаќаме и продолжуваме понатаму – додаде Стела.

Норис е лидер во генералниот пласман со 390 бода, 24 повеќе од второпласираниот Пјастри, додека актуелниот шампион, Макс Верстапен, е на третото место со 341 бод.

Следната трка е во Лас Вегас и е закажана за 22 ноември.

ИЗДВОЕНИ