Американскиот ММА борец Бен Аскрен е отпуштен од болница по големите здравствени проблеми со кои се соочи. Кон средината на јуни беше објавено дека поранешниот шампион на ММА е хоспитализиран и чека трансплантација на бели дробови.

Во текот на тој период, Аскрен добиваше огромна поддршка – од семејството и пријателите, до заедницата на ММА и борењето, па дури и Џејк Пол великодушно донираше пари за да помогне во покривањето на огромните трошоци за трансплантацијата.

Проблемот се појави кога осигурувањето одби да го покрие третманот на Бен Аскрен со образложение дека е прескап, иако тој го плаќал осигурувањето многу години. Сепак, Бен беше опериран и сè заврши добро за него. Тој сега е пуштен на домашно лекување и проговори преку видео порака објаснувајќи ја својата состојба.

  • По 59 дена излегов од болница и сум со сопругата и најголемата поддршка. Луѓе, ова беше долго патување. Сè уште не е завршено бидејќи сè уште не можам да одам. Морам повторно да научам како да одам, но и некои други работи. Барем 35 дена ми се како магла во главата. Мислам дека имав операција пред 24 или 25 дена, беше тешко, навистина тешко. Веќе зборував за тоа колку ми значи вашата поддршка и колку сум благодарен што им помогнавте на моите деца да го надминат ова. Имав пријатели од целиот свет, а луѓе од цела Америка дојдоа да поминат неколку дена со мене. Ми значеше многу. Беше прекрасно да имам таква поддршка и толку многу љубов. Се надевам дека никогаш повеќе нема да морам да се најдам во оваа ситуација. Планирам да живеам долго. Ви благодарам за сè, ве сакам, истакна Аскрен.

ИЗДВОЕНИ