Не е битен само изборниот ден, туку и предизборните процеси, како и тие по изборите, вели шефот на Мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР

33

Набљудувачите ги следат сите аспекти поврзани со локалните избори и не е битен само денот на изборите, туку и предизборните и процесите по денот на избори, изјави шефот на Мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР, Матео Мекачи.

Тој денеска го посети избирачкото место во Основото училиште „Лирија”, во општина Чаир. Мекачи информира дека Мисијата за овие локални избори се состои од 250 меѓународни набљудувачи, кои набљудуваат на територијата на целата држава.

„Како меѓународна набљудувачка мисија го набљудуваме изборниот процес за да оцениме дали е согласно стандардите. Ова гласачко место е едно од многуте што ги набљудуваме. Мисијата е воспоставена пред денот на изборите, со распоредување на 24 долгорочни набљудувачи на територијата на целата држава, кои што го набљудуваат целокупниот процес, рече тој.

Потенцираше сека не е битен само изборниот ден, туку и предизборните процеси, како и процесите по самиот ден на изборите.

„Ги следиме сите аспекти кои се поврзани со изборите, како што е регистрацијата на гласачи, кампањата, финансирањето на кампањата, пристапот до медиумите, гласањето на самиот ден на изборите, пребројување на гласовите и друго“, рече Мекачи.

ИЗДВОЕНИ