Не дозволувајте да се сушат на гранките: Направете си домашен џем од смокви додека се уште ги има

53
Фото:пекселс
Нема кој не ги сака мирисите и вкусовите кои ги потсетуваат на детството, а џемот од зрели смокви е, секако, еден од нив. Сочни, слатки, неодоливо заводливи, едноставно чекаат да се најат на трпезата. Искористете ги последните моменти од сезоната да си направите вкусен, домашен џем од зрели смомви кој ќе можете во текот на зимата да го комбинирата и уживате и во слатки и со солени комбинации, препорачува Zadovoljna.hr.
 При подготовка на џем, потребно е да се земе предвид природната сладост или киселост на овошјето, за да се додаде точната количина шеќер. Овошјето како што се кајсии или сливи се додава на шеќерот во сооднос 1:2, или половина килограм шеќер на килограм овошје. Ако овошјето е навистина зрело и слатко, што и треба да биде, можно е да се подготви во сооднос 1:3, или само 300 грама шеќер на килограм овошје.

Највкусните џемови се оние направени од кајсии, јагоди, сливи, смокви и малини.

Домашен џем од смокви

Овој џем има совршен вкус и одлично оди како прилог со разни сирења.

Состојки:

  • 1 кг смокви
  • 2 парчиња лимон
  • сок од половина лимон
  • кора од еден портокал, ситно рендана
  • 250 г шеќер од мармалад (со пектин)
  • По желба, арома на рум или рум (доколку не готвите за деца)

Подготовка:

Исечете ги смоквите по желба и излупете ги ако кората е дебела. Ставете ги во тенџере, додадете ги другите состојки и гответе на средна температура неколку минути додека овошјето не се претвори во кашеста смеса.
Веднаш истурете ја готовата смеса во тегли, околу 1 см од врвот. Затворете цврсто и чувајте на темно и ладно место.

По отварањето, чувајте го џемот во фрижидер и консумирајте го во рок од 7 до 14 дена.

ИЗДВОЕНИ