Историски договор беше потпишан во НЦАА лигата, каде што Флорида Гејторс му даде 40.500.000 долари на својот тренер Тод Голден за да потпише шестгодишен договор со тимот.
Овој тим неодамна ја освои НЦАА лигата, па раководството реши богато да го награди младиот и перспективен стручњак со продолжување на соработката.
Голден има 39 години и имаше кратка играчка кариера. Тој играше за Макаби Хаифа две години, а набргу потоа се префрли на тренерската работа и беше асистент во Колумбија и Обрн. Потоа три години беше тренер во Сан Франциско заедно со поискусен колега, а потоа три години самостојно го водеше тимот. Тој го предводи тимот од Флорида од 2022 година, а потоа почнаа да се редат скандали околу него. Во ноември 2024 година, беше обвинет за сексуални напади и вознемирување на голем број жени, вклучително и студентки на Флорида. На почетокот на годината, универзитетот објави дека е отворена истрага против него, но дека не се пронајдени докази.