Неочекувани вести пристигнаа од НБА, каде што Малколм Брогдон одеднаш се збогува со кошарката. На само 32 години, плејмејкерот што беше шести најдобар играч во лигата пред две години, одлучи да ја заврши својата кошаркарска кариера. Иако според извештаите на американските медиуми беше во плановите на Њујорк никс, како резервен плејмејкер на Џејлен Брансон, сепак, одлучи да се пензионира.

  • Денес официјално го започнувам последниот дел од мојата кошаркарска кариера. Гордо ѝ ги дадов мојот ум, моето тело и мојот дух на играта во текот на изминатите неколку децении. Со многу жртви за да стигнам тука, добив и многу награди. Многу сум благодарен што можев да уживам во придобивките од мојата кариера со пријателите и со семејството. Ви благодарам од сè срце на сите што имавте удел во моето патување – објави Малколм Брогдон.

ИЗДВОЕНИ