НБА кошаркарот Малик Бизли постојано е во центарот на вниманието во последно време, под истрага е за обложување, а сега американските медиуми откриваат дека должи осум милиони долари!
Тој ќе мора да го плати најголемиот дел од сумата на компанијата „Саут Ривер Капитал“, на која им должи дури 5,8 милиони долари. Станува збор за компанија која им позајмува пари на спортистите, од која Бизли позајмил 1,3 милиони, но со оглед на тоа што каматните стапки постојано растат, а во износот се вклучени и судските трошоци, овој износ сега е многукратно поголем.
Потоа, тој ѝ должи и на компанијата „Хазан спортс менаџмент“ 2,25 милиони долари, кои веќе ги зел однапред, за користење на неговиот лик и име во маркетиншките активности на компанијата. Покрај овие големи долгови, Бизли има и „мали“ трошоци – покрај долговите на компанијата, Бизли не платил ниту кирија во Детроит во износ од 7.355 долари, а рочиштето е закажано за 15 јули.
Уште една тривијална ситуација се случила со еден фризер, кој го доби спорот против Бизли, а играчот на Детроит сега ќе мора да плати 26.827 долари. Дури ни тука не завршува долгот, покрај фризерот, Бизли му должи и на еден стоматолог, па на својот доктор од Минесота му должи 34.390 долари. Голем проблем во решавањето на овие куп проблеми што ги има Бизли е фактот што Детроит не сака да го задржи 28-годишниот кошаркар. Овој клуб ја повлече понудата вредна 42 милиони за тригодишен договор што претходно ја подготви.
Бизли заработи приближно 60 милиони долари во својата кариера, па ситуацијата во која се наоѓа е повеќе од неверојатна. Очигледно е дека поранешниот кошаркар на Детроит е во големи проблеми, а покрај долговите, против него е покрената и истрага за обложување.
- Соработуваме со истражните органи, гласеше кратката и јасна порака испратена во соопштението на НБА.