Поранешниот шампион на НБА и, веројатно, најдобар дефанзивен играч на сите времиња, Тони Ален, е уапсен откако полицијата пронајде кокаин и марихуана во неговиот автомобил.

  • При запирањето, полицаецот почувствува силен мирис на марихуана што доаѓаше од возилото, поради што им нареди на двајцата патници да излезат. Полицајците го претресоа Ален и пронајдоа пакет марихуана кај него. Тие, исто така, пронајдоа разни други предмети што содржат марихуана. Хатон (другиот уапсен) призна дека се негови. При претресот на возилото, беше пронајдена кутија цигари на совозачкото седиште, која содржеше прашкаста супстанција за која беше утврдено дека е кокаин – се вели во соопштението.

Полицијата го запрела Ален на околу 75 километри од Мемфис и ова не е негов прв прекршок, бидејќи е на тригодишна условна казна од 2023 година, поради кршење на законот.

Што се однесува на неговата кошаркарска кариера, тој беше избран како 25. пик на драфтот, од страна на Бостон. Во тој тим остана шест години, освојувајќи ја титулата во 2008 година, а потоа, во 2010 година, се пресели во Мемфис. Таму стана еден од најважните играчи на тимот, а Гризли го пензионираше неговиот број „девет“. Тој ја одигра својата последна сезона со Њу Орлеанс пеликанс пред да ја заврши кариерата.

ИЗДВОЕНИ