Како што објавија бројни светски медиуми, поранешниот НБА-шампион, Бајрон Скот, е обвинет за силување на 15-годишна девојка, инцидент што се случил во 1987 година. Тој беше обвинет за сексуален напад, сексуална злоупотреба, незаконско лишување од слобода и за намерно предизвикување емоционална болка на Хејли Дилан, која во тоа време имала 15 години. Таа одлучи да го открие својот идентитет.

  • Нашиот клиент е згрозен од обвинението. Во 1987 година, тој верувал дека девојката имала над 18 години и немал поим зошто некој би тврдел поинаку 35 години подоцна. Тој ги почитува жените, девојките и тврди дека е шокиран од ова, како и неговото семејство – изјави адвокатката на Бајрон Скот, Линда Бауермајстер.

Бајрон Скот имаше богата играчка кариера, во која беше трикратен шампион на НБА со Лос Анџелес лејкерс, за кој играше од 1983 до 1993 година. Потоа помина две години во Индијана пејсерс, потоа една во Ванкувер гризлис, пред да се врати за уште една сезона во Лејкерс и да ја заврши кариерата во 1998 година, во тимот на Панатинаикос.

ИЗДВОЕНИ