Голем број навивачи сакаат истрага за тоа дали легално го добил Далас првиот избор на драфтот на НБА во 2025 година.

Далас имаше минимални шанси (1,8 %), пред почетокот на НБА-драфтот, да го добие првото место и потенцијална долгорочна замена за Лука Дончиќ, и токму тоа се случи. Сепак, неговиот прв избор предизвика голема бура меѓу навивачите на социјалните мрежи, кои тврдат дека драфтот бил наместен и дека ова е еден од најголемите срамови во историјата на НБА.

Откако ја продаде последната суперѕвезда што ја имаше, Лука Дончиќ, Далас има можност повторно да избере ѕвезда што ќе биде камен-темелник во годините што доаѓаат.

Прв избор на драфтот речиси сигурно ќе биде Купер Флег, кој заедно со Ентони Дејвис и Кари Ирвинг ќе формира моќно трио во франшизата на Тексас.

Вториот избор ќе оди кај Сан Антонио спарс, кој нема најлош настап сезонава, додека третиот избор ќе отиде кај Филаделфија, која ќе има можност да додаде уште една млада ѕвезда во тимот со Џоел Ембид и Тајрис Макси.

Прашањето е зошто е толку популарен НБА-драфтот ако тимовите што се најслаби не ги добиваат најдобрите пикови на драфтот. Инено, Шарлот хорнетс го доби само четвртиот пик, додека Јута џез и Вашингтон визардс, кои се со најлоши коефициенти, не се ни блиску до првиот пик.

ИЗДВОЕНИ