Навроцки положи заклетва како нов полски претседател

41
EPA-EFE/Marcin Obara POLAND OUT

42-годишниот историчар и националист победи во вториот круг од претседателските избори во Полска на 1 јуни оваа година.

Церемонијата на положување заклетва се одржа за време на свечената седница на двата дома на полскиот парламент.

Навроцки ќе биде претседател пет години. Тој ја презема функцијата од Анджеј Дуда, поврзан со партијата „Право и правда“, која до пред две години владееше со Полска.

Полската влада сега е проевропска и ја предводи поранешниот претседател на Европскиот совет Доналд Туск.

ИЗДВОЕНИ