Навивачката на Манчестер јунајтед, Шанија Хауард, тврди дека ѝ бил забранет влез на „Олд Трафорд“ затоа што пристигнала гола, само со боја на телото.

Инцидентот наводно се случил во неделата, кога Арсенал го победи Јунајтед со 1:0 во првото коло од Премиер лигата.

Шанија е ѕвезда на платформата „Oнли фанс“ и се појавила надвор од стадионот обоена во боите на дресот на Јунајтед и во тесни шорцови. Позирала пред натпреварот, се сликала со навивачите и ги прашала за нивните предвидувања за натпреварот.

Според неа, кога се обидела да влезе на стадионот, обезбедувањето не ја пуштило внатре.

  • Не се шегувам, бесна сум. Дојдов на „Олд Трафорд“ да го гледам првиот натпревар од сезоната и не ме пуштија поради начинот на кој бев облечена. Што не е во ред со мојата облека?! Ова е шега, ќе поднесам официјална жалба – рече таа во објава на социјалните мрежи.

ИЗДВОЕНИ