Навивачите шокирани од изгледот на коленото на фудбалската ѕвезда

129

Десното колено на ѕвездата на Баерн (М), Алфонс Дејвис, изгледа навистина неверојатно пет месеци по операцијата на лигаментите. Мускулната маса е отсутна, но тоа е сосема нормално со оглед на сериозноста на повредата што ја имаше.

Разликата од пред неколку месеци и по повредата е очигледна, а единственото нешто што е важно за 24-годишниот лев бек е тоа што полека се враќа на теренот.

Репрезентативецот на Канада не сакаше да сокрие дека едвај чекал да почне со тренинзи.

„Ми требаше малку време, но среќен сум што сум на свеж воздух и што можам да трчам побрзо од пет километри на час“, изјави Дејвис за официјалната веб-страница на Баерн (М), додавајќи:

„На почетокот можев само да одам. Можноста да џогирам е дефинитивно многу подобра. Почнав побавно, но тренерот ми рече дека можам да одам побрзо. Бев многу возбуден за тоа, но знам дека морам да одам чекор по чекор.“

Тој претходно призна дека се соочил со ментални проблеми по повредата.

„Нема да лажам, беше тешко. Се скршив психички, не знам што се случи, но се истуширав и едноставно се скршив и почнав да плачам и да паничам“, призна Дејвис.

Фудбалските фанови го гледаат изгледот на ногата на ѕвездата на Баерн (М) со неверица, но наскоро дефинитивно повторно ќе има мускули.

Се претпоставува дека Дејвис би можел да се врати на теренот во октомври и сигурно ќе претставува огромно засилување за Баерн (М).

Алфонсо Дејвис пристигна во клубот во 2019 година, а на одиграните 226 натпревари за Баварците има учинок од 14 гола и 35 асистенции.

 

ИЗДВОЕНИ