Навивачите на Милан бесни на Ибрахимовиќ

681
epa11761049 Swedish former soccer player and AC Milan's senior advisor Zlatan Ibrahimovic looks on during the Italian Serie A soccer match between Atalanta BC and AC Milan, in Bergamo, Italy, 06 December 2024. EPA-EFE/MICHELE MARAVIGLIA

Навивачите на италијанскиот калчо гигант Милан целосно го загубија трпението и во последното коло од Серија А, наместо да слави, фудбалскиот храм „Сан Сиро“ беше претворен во сцена на бунт против управата на клубот. Иако „росонерите“ победија против Монца со 2:0, на трибините одекнуваа свирежи, навреди и транспаренти насочени кон раководството на клубот, а посебна мета беше Златан Ибрахимовиќ, поранешна ѕвезда, сега советник на управниот одбор.

Најжестоките навивачи од „Курва Суд“ јасно кажаа што мислат. Тие ги поздравуваа играчите со свирежи и навреди, а на трибините формираа порака „Оди дома“. Стадионот потоа пееше во чест на Паоло Малдини, легендата кој сегашното раководство го исфрли од клубот, а незадоволството се прелеа и надвор од стадионот каде маса навивачи носеа транспарент со имињата на Кардинале, Фурлани, Сингер, Ибрахимовиќ и други, со порака: „Сите заминете, ослободи те го Милан од оваа агонија“.

Нема дилема дека Ибрахимовиќ го претрпе можеби најголемиот удар во фудбалската кариера. Социјалните мрежи беа преплавени со коментари како „Срам да ти е“, „Не си достоен за Милан“ и „Циркус уметник“. Сето ова доаѓа по сезона во која спортскиот проект, чиј дел е и тој, целосно пропадна. Милан испадна од Лигата на шампионите, го загуби финалето на Купот и остана без Европа за прв пат од 2019 година.

Да потсетиме, Ибрахимовиќ на почетокот на годината самоуверено изјави „Јас сум шеф и јас одлучувам“, по отказот на тренерот Фонсека и категорично го отфрли противењето на Звонимир Бобан за изборот на нов тренер. Сепак, по новиот дебакл, се погласни се шпекулациите дека тој ќе го напушти клубот ова лето, а на негово место би можел да дојде Игли Таре, поранешниот спортски директор на Лацио.

Сезоната која се заборава може да стане уште полоша доколку градскиот ривал Интер слави во финалниот натпревар од Лигата на шампионите. Евентуалниот  триумф на „нероаѕурите“ би бил дополнителен удар за веќе фрустрираните навивачи на Милан.

 

ИЗДВОЕНИ