четврток, февруари 26, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Наутро зима, попладне пролет и тоа ќе потрае! Температурите скокаат, следува пролетен...

Наутро зима, попладне пролет и тоа ќе потрае! Температурите скокаат, следува пролетен шок

40

Бидејќи метеоролозите предвидоа повисоки температури до крајот на неделата, многумина веќе се прашуваат дали можеме да се збогуваме со зимата, или пролетта веќе „тропа на вратата“ во регионот и во Македонија. Во февруари времето било променливо, но од понеделникот пристигна потопла воздушна маса, што условува релативно високи температури за крајот на февруари.

Во следните десет дена се очекува релативно брзо зголемување на температурата и стабилно време, со мала облачност и речиси без врнежи. Максималните дневни температури ќе бидат помеѓу 10 и 18°C, што е значително над просекот.

Ноќите и утрата ќе бидат свежи поради ведрото небо и можен слаб мраз, а во текот на денот ќе биде пријатно топло.

Утре времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
УХМР

Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

Првите врнежи од дожди снег може да се очекуваат дури околу 4-5 март, но точното време не е сигурно бидејќи долгорочните прогнози имаат ризик од отстапување, велат метеоролозите. Во текот на март времето ќе продолжи да биде променливо – наизменично топло, сончево, со можно заладување и повремени врнежи од дожд и снег.

ИЗДВОЕНИ