Научниците предупредуваат на мега цунами што може да збрише дел од светот: „Доволно е само еден потрес“

212
Фото: pexels

Истражувачите од Техничкиот универзитет во Вирџинија предупредуваат дека земјотрес со јачина од 8 степени или поголем, во комбинација со подигање на нивото на морето, може да предизвика мега цунами што особено ќе ја загрози северна Калифорнија, северен Орегон и јужен Вашингтон.

Научниците сè повеќе предупредуваат на можноста од разорно „мега цунами“ што може да ги уништи крајбрежните заедници долж западниот брег на САД, Хаваите и Алјаска. Станува збор за исклучително моќни бранови кои се јавуваат како резултат на големи геолошки нарушувања, а новите податоци покажуваат дека опасноста не е само теоретска.

Според извештајот на New York Post, најновото предупредување доаѓа од западниот брег на САД, каде што се наоѓа една од најактивните сеизмички раседи – зоната на субдукција Каскадија. Овој расед се протега од северниот дел на островот Ванкувер во Канада до Кејп Мендосино во Калифорнија, а најновата студија објавена во Зборникот на Националната академија на науките покажува дека силен земјотрес во областа може да предизвика вистинска катастрофа.

Тие проценуваат дека има 15 отсто шанси за ваков земјотрес во следните 50 години. „Не истраживме доволно детали како таков земјотрес би влијаел на крајбрежните поплавни рамнини, а тоа би можело значително да го забави закрепнувањето на погодените заедници“, рече Тина Дура, главен автор на студијата и доцент по геонауки во Вирџинија.

Алјаска продолжува да биде жариште на лизгање на земјиштето поради нејзиниот суров терен и честите земјотреси, а со климатските промени и топењето на глечерите, падините стануваат сè понестабилни, предизвикувајќи одвојување на карпите, според „Дејли меил“.

На Хаваи, вулканските острови имаат долга историја на мега цунами предизвикани од уривање на вулкани.

Вулканите на Хаваи растат со таложење слоеви лава, што може да доведе до нестабилни падини кои можат да се срушат, особено за време на вулкански ерупции или земјотреси.

Ова може да предизвика масовни свлечишта во океанот, поместувајќи огромни количини вода и создавајќи мега цунами.

Бидејќи вулканите на Хаваи остануваат активни, постои значителна закана, особено на југоисточната страна од Големиот Остров, каде што моментално се активни „младите“ вулкани како Мауна Лоа и Килауе.

Килауеа исфрла лава со месеци, а неговата последна ерупција заврши на 16 мај.

Сепак, авторите на студијата забележуваат дека земјотрес од над 8 степени според Рихтеровата скала не е регистриран во овој регион од 26 јануари 1700 година.

ИЗДВОЕНИ