Научниците и суперкомпјутерите пресметаа кога ќе исчезне светот!

Со помош на суперкомпјутери, тие ја предвиделе еволуцијата на Сонцето и откриле дека животот на Земјата ќе стане невозможен до 1.000.002.021 година. Сонцето ќе стане потопло, температурите ќе се зголемуваат, а нивото на кислород ќе се намали.

514

Маск оваа недела изјави дека сонцето ќе ја уништи Земјата и дека крајот на светот е неизбежен. На почетокот се чинеше дека се обидува да ја поттикне својата вселенска програма и колонизацијата на Марс со своите ракети, но научниците од НАСА и Универзитетот Тохо во Јапонија ги потврдија неговите стравови, пишува Дејли Меил.

Со помош на суперкомпјутери, тие ја предвиделе еволуцијата на Сонцето и откриле дека животот на Земјата ќе стане невозможен до 1.000.002.021 година. Сонцето ќе стане потопло, температурите ќе се зголемуваат, а нивото на кислород ќе се намали.

Откриле дека за околу пет милијарди години Сонцето ќе влезе во фазата на црвениот џин, фаза кога му снемува водородно гориво и драматично се шири. Во таа фаза, може да проголта планети, како што се Меркур, Венера, а можеби дури и Земјата.

– Марс е колективно животно осигурување. Сонцето постепено се шири и затоа во одреден момент мора да бидеме мултипланетарна цивилизација бидејќи Земјата ќе биде изгорена – изјави политичкиот коментатор и водител на FOX, Џеси Вотерс.

НАСА долго време укажува дека Сонцето еден ден нема да има доволно енергија за да продолжи да сјае, но според проценките, моментално е само во првата половина од својот животен циклус и треба да продолжи да функционира уште околу пет милијарди години. Научниците, според истражувањето објавено во списанието Nature Geoscience, спроведоа стотици илјади компјутерски симулации за да предвидат долгорочни промени во атмосферата и климата на Земјата.

Тие заклучија дека постепеното зајакнување на светлината на Сонцето ќе ја дестабилизира климата, а тоа ќе резултира со помалку кислород и масовно изумирање.

Маск: Одиме на Марс, животот на Земјата ќе биде уништен

ИЗДВОЕНИ