Научници во Тексас успеале да „подмладат“ стари и оштетени клетки во човековиот организам

0
Посебни наночестички во облик на цвет можат да ги подмладат оштетените или остарените човечки клетки.
Тоа може да се направи на тој начин што се поттикнуваат матични клетки да произведат поголем број митохондрии и потоа да ги „донираат“ на ослабените клетки, покажа студија на истражувачи од Универзитетот Тексас, објавена во списанието на Американската академија на науките, ПНАС.
Клетките погодени од стареење или од дегенеративни болести како Алцахајмер, како и оние оштетени од хемотерапија, ја губат способноста да произведуваат енергија, бидејќи им се намалува бројот на митохондрии, пренесе агенцијата АНСА.
За да се надмине тоа, американските научници користеле матички клетки стимулирани со наночестички на моибден-дисулфат, неорганско соединение кое може да добие различни дводимензионални облики на микроскопската скала.
Таквите матични клетки создацале невообичаено голем број митохондрии и потоа ги пренесувале до блиските остарени или оштетени клетки.
Клетките приматели го обновувале своето ниво на енергија, изгледале „помлади“ и биле поотпорни на штетни влијанија, меѓу кои и лекови за хемотерапија.
„Трениравме здрави клетки да ги споделуваат своите резервни батерии со послаби клетки“; рече биоинжерот Ахилес К. Гахарвар.
Тој истакна дека виталноста на старите клетки може да се врати без генетски модификации или лекови, користејќи го нивните природни биолошки механизми.
Гахарвар додаде дека безбедното унапредување на овој систем на дејствување на енергија еден ден би можело да помогне во забавувањето и дури до пресврт во одредени ефекти на стареењето на клетките.

ИЗДВОЕНИ