Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, заедно со раководителот на Одделението за оператива и логистика во ДЗС, Ивица Наумовски, денеска и вчера во Париз, Франција, присуствуваше на работните состаноци организирани од Координативниот центар за итен одговор при Генералниот директорат за европска цивилна заштита и операции за хуманитарна помош при Европската комисија.
Од ДЗС информираат дека главна тема биле научените лекции од шумските пожари и од пожарите на отворен простор на територијата на Европа, во 2025 година, при што акцентот бил ставен на начинот на активирање на механизмот за цивилна заштита на ЕУ за наредната, 2026 година.
– Истовремено, се дискутираше за подобрување на превенцијата, како и за подобар одговор и координација при шумски пожари и пожари на отворен простор. На состаноците говореа Жулиен Марион, генерален директор за цивилна заштита и кризен менаџмент на Франција, и Микела Матуела, директор на Координативниот центар за итен одговор на ЕУ. На состанокот присуствуваа претставници на земјите членки на ЕУ, како и други земји што се членки на механизмот за цивилна заштита – соопштија од ДЗС.












