петок, јануари 30, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Натпревари во закројување винова лоза, избор на најдобрите вина и ракии и...

Натпревари во закројување винова лоза, избор на најдобрите вина и ракии и многу други настани

15

Општина Демир Капија организира натпревари во закројување винова лоза и во најдобри вина и ракии произведени во домашни услови. Како што информираа од локалната самоуправа, овие и многу други настани, се организираат во рамки на традиционалната манифестација „Недела на традицијата – Свети Трифун 2026“ година, што ќе започне на 08.02.2026 година, а ќе трае до 14.02.2026 година кога ќе биде централниот настан.

На програмата за одбележување на празникот на лозарите и винарите „Свети Трифун“, се и традиционалната велосипедска винска тура, базар на вино, ракотворби и производи од традиционални занаети.

– Годинава, неделата на традицијата ја започнуваме со одмерување на вештините во закројување винова лоза, помеѓу искусни кројачи, во лозов насад во Демир Капија. На агендата се театарска претстава, читање проза и поезија и доделување признанија на учесници на литературен конкурс, изложба и доделување признанија на учесници на ликовен конкурс, ликовна изложба на тема вино и лозарство, музичка програма. Централниот настан ќе биде на 14 февруари, на денот што се смета за заштитник на лозарите и винарите, ќе имаме свечено закројување на винова лоза – појаснија од Општината.

Оттаму информираа и за датумите што треба да ги испочитуваат сите заинтересирани за учество во натпреварите што ги организираат во рамки на манифестацијата. Притоа повикаа навремено да се пријават и сите заинтересирани за обезбедување штандови на градскиот плоштад во Демир Капија, за продажба на вино, ракотворби и производи од традиционални занаети.

 

ИЗДВОЕНИ