Oпштина Кавадарци најавува натпревари на „Стрит баскет“ во рамки на Кавадаречко културно лето 2025, а пријавувањето е во тек. Право на учество имаат само екипи од Општина Кавадарци и учесниците не треба да бидат помлади од 16 години.
Натпреварите на „Стрит баскет“ ќе се одиграат и на 21 и 22.08.2025 година на Градскиот плоштад.
На турнирот е предвидено да учествуваат 10 машки екипи со 3+1 играч. Предвидени се парични награди за најдобрите. За освоено прво место – 8.000 денари, за второ место – 6.000 денари и за освоено трето место – 4.000 денари.