Натписот на блузата што ја носеше Лавров на пристигнувањето на Алјаска предизвика реакции/ВИДЕО

129
X/screenshot

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна во хотелот во Енкориџ, Алјаска. На видеата на кои се гледа како излегува од автомобилот, тој е облечен во јакна и бел џемпер на кој наводно е напишано „СССР“, кратенката за Советскиот Сојуз, на кирилица, објавува News AM.

Видеото се прошири на социјалните мрежи, каде што многу корисници истакнаа дека станува збор за форма на провокација. „Лавров се појави на Алјаска облечен во џемпер со натпис СССР. Многу охрабрувачки за 14-те соседи на Русија“, се вели во описот на една од снимките на X.

ИЗДВОЕНИ