среда, февруари 11, 2026
Дома СВЕТ НАТО започна мисија на Арктикот за стабилност на Гренланд

НАТО започна мисија на Арктикот за стабилност на Гренланд

17
screenshot X NATO

НАТО денеска соопшти дека почнал мисија за зајакнување на своето присуство на Арктикот како дел од договорот за ублажување на сериозните тензии во Алијансата, предизвикани од желбата на американскиот претседател Доналд Трамп, САД да го добијат Гренланд.

Новата мисија, наречена „Арктички стражар“, ќе го координира се поголемото воено присуство на сојузниците на НАТО во регионот, вклучително и вежби, како што е данската вежба „Арктичка издржливост на Гренланд“, се наведува во соопштение воениот штаб на Алијансата.

Врховниот командант на сојузничките сили на НАТО во Европа, генералот на американското воздухопловство, Алексус Грегори Гринкевич изјави дека мисијата ја нагласува посветеноста на Алијансата да ги заштити своите членки и да ја одржи стабилноста во едно од стратешки најважните подрачја во светот.

ИЗДВОЕНИ