НАТО започнува нова мисија за зајакнување на одбраната на источниот дел од Европа како одговор на руските упади со беспилотни летала во полскиот воздушен простор претходно оваа недела, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Руте објави дека операцијата, наречена „Источна гарда“, започнала уште синоќа и ќе вклучува воздушни и копнени бази, објави „Ројтерс“.

Осврнувајќи се на упадите со руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор, Руте рече дека тоа е „неодговорно и неприфатливо“.

  • Не можеме да дозволиме руски беспилотни летала да влезат во сојузничкиот воздушен простор, рече Руте.

Досега, Данска, Франција, Велика Британија и Германија ветија дека ќе учествуваат во мисијата, а ќе се приклучат и други членки на НАТО. Врховниот командант на сојузничките сили на НАТО за Европа, Алексус Гринкевич, рече дека НАТО ќе ја брани секоја педа од територијата на своите земји-членки.

  • Полска и граѓаните низ Алијансата треба да бидат уверени од нашиот брз одговор претходно оваа недела и нашето значајно соопштение овде денес, рече Гринкевич.

Тој во четврток изјави дека Германија трајно ќе стационира бригада од својата армија во Литванија.

Гринкевич рече дека тоа ќе биде голем чекор за зајакнување на одбраната и одвраќањето на источниот дел од НАТО.

ИЗДВОЕНИ