Северноатлантскиот сојуз синоќа објави фотографија на својот официјален профил на мрежата X од најголемиот носач на авиони во светот како плови во норвешки води .
„Ова е нешто што не се гледа секој ден. Најголемиот носач на авиони во светот, USS Gerald R. Ford, плови во Ослофјорд“, се вели во соопштението на НАТО.
That’s something you don’t see every day!
The world’s largest aircraft carrier, 🇺🇸 USS Gerald R. Ford, sailing in the Oslofjord 🇳🇴 pic.twitter.com/nJ6xmpo6Xv
— NATO (@NATO) September 28, 2025
Инаку, претходните две ноќи неидентификувани дронови летаа над данското небо, потврди данското Министерство за одбрана. Ова е најновиот во низата инциденти регистрирани над воените бази минатата недела.
Аеродромот во Копенхаген исто така беше привремено затворен поради нив, а Данска ги затвори своите аеродроми за сите цивилни летови во неделата откако неидентификувани дронови беа забележани во близина на неколку воени објекти во текот на ноќта, изјави министерот за одбрана Троелс Лунд Поулсен.
Како одговор на зголемените закани, НАТО објави засилување на својата мисија во Балтичкото Море со испраќање фрегата за воздушна одбрана и дополнителни средства за следење и надзор. Слични инциденти се пријавени во Норвешка, каде што неидентификувани летала се видени во близина на воени бази.
Норвешката полиција продолжува да ги истражува инцидентите во близина на аеродромот Орланд.