Настја (7) побегна од пеколот во Украина за да се лекува од леукемија во Израел: Убиена е во ракетен напад!

792
X Isaac_Herzog

Настија Борик, седумгодишно девојче од Украина, кое побегнало во Израел за да се лекува од леукемија, беше убиено во неделата во ирански ракетен напад врз градот Бат Јам, јужно од Тел Авив.

Веста ја објави израелскиот претседател Исак Херцог на платформата „Х“.

Настја беше убиена заедно со нејзината мајка Марија (30), бабата Лена (60) и роднините Илја (13) и Константин (9). Украинските власти во неделата соопштија дека во нападот загинале петмина украински државјани, но не дадоа дополнителни детали.

„Седумгодишното девојче од Украина, Настија Борик, дојде во Израел од Одеса за да добие спасувачки третман во една од врвните израелски болници. Дојде да бара живот. Наместо тоа, е убиена, заедно со мајката Марија, роднините Илја и КОнстантин и бабата Лена од смртоносен ирански проектил кој ја погоди зградата во Бат Јами. Беа цивили. Бегалци. Семејство кое се надеваше. Запалени живи од проектилите на Ајатолахот – намерно испукани кон невините луѓе. Ние тагуваме со таткото на Настја и сите што ги сакаа и ги познаваа. Светот мора да ги осуди непростливите злосторства на Иран – и да застане со Израел против техеранското царство на злото“, напиша Херцог.

Мајката Марија Пешкурова на својот профил на Инстаграм редовно објавуваше детали од третманот на нејзиното девојче, вклучително и дека и беше дијагностицирана леукемија во август 2022 година. „Од тој ден живеам во паралелна реалност каде единственото нешто што е важно е да ја спасиме. Да дишам. Да не се откажувам“, напиша таа во објава во април.

Според Херцог, таткото на Настја, Артем Борик, моментално служи во украинската армија и се бори против Русија.

 

ИЗДВОЕНИ