Наставниците од Кисела Вода на подготвителни обуки за европски проекти

12

Во организација на Секторот за локален економски развој и Секторот за образование при Општина Кисела Вода, вчера се одржа обука за наставниците од основните училишта на територијата на Општината, наменета за зајакнување на капацитетите за подготовка за европски проекти.

Обуката е дел од континуираните активности на Општината насочени кон унапредувањето на квалитетот на образованието и создавањето современи услови за работа во училиштата.

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, истакна дека вложувањето во обуки за подготовка за европски проекти претставува значајна инвестиција во иднината на образованието.

– Со јакнење на знаењата и компетенциите на наставниците, создаваме основа за поквалитетна, иновативна и современа настава. Овие обуки им овозможуваат на училиштата да се развиваат, да разменуваат искуства и да бидат дел од пошироките европски образовни процеси, што, на долг рок, носи придобивки и за наставниците и за учениците – нагласи Стаменкоска-Трајкоска.

 

 

ИЗДВОЕНИ