Независниот синдикат за образование и наука најави протест за зголемување на платите, кој ќе се одржи в среда, на 28 јануари 2026 година, со почеток во 17:00 часот пред зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Причината за протестот е системско непочитување на колективните договори и исплата на плата која е значително под републичкиот просек. Дополнително, синдикатот ги критикува редовните доцнења во исплатата на платите, кои, според законските прописи, треба да се исплатат најдоцна до 10-ти во месецот.

– Доста е игнорирање! Се гледаме во среда, пред ССМ, во 17:00 часот! –  порачуваат од Независниот синдикат за образование и наука.

Протестот има за цел да го поттикне почитувањето на законските рокови и колективните договори, како и да ја подобри финансиската положба на вработените во образовниот сектор.

И гранковите синдикати кои се дел од Сојузот на Синдикати на Македонија повикуваат на протест за поголеми плати на 28 јануари во Скопје.

ИЗДВОЕНИ