Жители на Ново Лисиче и на Реонски центар апелираат до ЈП „Градски паркинг“ кога ќе почне со исцртување на полињата за зонско паркирање за кои неодамна беа поставени табли (кои сеуште не се во функција за наплата), таа активност да се врши паралелно во двете населби. Тие сметаат дека делумното воведување зона на еден дел од населбата ќе направи уште поголем хаос во преостанатиот дел кој ќе биде во фаза на воведување.

– Во Ново Лисиче и Ренски центар се уште нема зонско паркирање, па тоа го користат возила од други населби кои работат во Аеродром или се качуваат на службени автобуси за ТИРЗ, се паркираат и приватни возила од Аеродром кои избегнуваат таму да платат зона, службени возила, камиони и комбиња, возила кои се на продажба, возила на диви пазарџии и хаварисани возила – велат жителите. 

 

ИЗДВОЕНИ