Наскоро! Северина со спектакуларен концерт „Јас само пеам“ и со танцување во „Борис Трајковски“  

54

Позната е и по својата силна врска со македонската публика, која со години ѝ возвраќа со полни сали. Сè уште се памети нејзината изјава по еден од концертите во Скопје: „Чувајте ја Македонија!“ Таа априлска концертна вечер ќе биде исполнета со репертоар што ги вклучува нејзините препознатливи хитови

 Не е далеку, зошто би било далеку кога станува збор за уште една балканска мегамузичка ѕвезда и за нејзиниот солистички концерт? Се работи за сплиќанката Северина. Таа за 18 април закажа спектакуларен концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Во една од песните вели „мала је дала“, што би можело да се протолкува на многу начини. Едно е сигурно: „мала“ ќе им даде на своите македонски обожаватели три часа совршена забава, музика и незаборавни хитови, од оние далматинските „Далматинка“ и „Вирујен у те“ до оние на кои сите танцуваат – „Тарапана“, „Моја штикла“, „Бред Пит“… Северина со децении наназад воодушевува со својот изглед, харизмата и со стилот на облекување. Токму таква, со солистички концерт во рамките на својата турнеја на просторите на поранешна Југославија „Ја само пјевам“, кој воедно ќе биде и нејзин роденденски концерт. Таа ќе слави со македонската публика длабоко во таа пролетна ноќ.

Инаку, со текот на времето, Северина стана на некој начин и медиумски феномен. Успешна е на сите полиња, па честопати и социолозите ја споменуваат на своите предавања. Таа не се посрами со она домашно порновидео, туку со уште поголема енергија продолжи со кариерата. Секогаш оригинална, распеана, препознатлива преку песните, кои ги презентира на необичен начин.

Позната е и по својата силна врска со македонската публика, која со години ѝ возвраќа со полни сали и со незаборавни ситуации. Сè уште се памети нејзината изјава по еден од концертите во Скопје: „Чувајте ја Македонија!“ Таа априлска концертна вечер ќе биде исполнета со репертоар што ги вклучува нејзините препознатливи хитови, но и понови композиции. Сценографијата, светлосните ефекти и звучната продукција се неизбежен дел.

Концертот е во организација на „Прагма продукција“, која најавува и можна прес-конференција пред овој спектакл. Средба во живо на Северина со новинарите, кои секогаш ја пречекуваат во Македонија со голема искреност. Билетите се пуштени во продажба и може да се купат преку продажните мрежи. (Д. М.) foto>Instagram

 

ИЗДВОЕНИ