Наскоро ќе биде отворен клон на градинката „Мајски цвет“

170

Новата детска градинка сместена во објектот на поранешниот Дом за доенчиња и мали деца во Битола, наскоро ќе биде отворена. Од Општина Битола соопштија дека таа ќе функционира како клон на градинката „Мајски цвет“ и ќе згрижува 80 деца, распоредени во четири групи.

– Во моментот, објектот се опремува со соодветен мебел и креветчиња, плакари, масички, столчиња, кујнска опрема, ситен инвентар и постелнина. Во текот на летниот период, објектот ќе биде дополнително опремен со дидактички материјали, како и со детски реквизити за дворот – посочија од локалната самоуправа.

Објектот е целосно реконструиран со средства обезбедени од Министерството за социјална политика, демографија и млади и од Општина Битола.

ИЗДВОЕНИ