Две лица пријавиле физички напади во СВР Скопје во изминатите два дена, а полицијата презема мерки за расчистување на случаите.
На 14 февруари 2026 година во 20:10 часот, во СВР Скопје, З.А. (60) од Скопје пријавила дека на 12 февруари околу 06:50 часот, на автобуска постојка на подрачјето на Центар, била физички нападната од едно женско лице.
Во вториот случај, на 14 февруари 2026 година во 14:10 часот, З.Ш. (72) од Скопје пријавил дека претходниот ден, на 13 февруари околу 16:10 часот, на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице.












